Соопштенија

Силни пораки од Трст на светско политичко ниво: Премиерот Заев се сретна и со претставникот на британската премиерка Меј, Борис Џонсон, во Македонија се гледа мотор на регионот кон ЕУ и НАТО

Оценката што ја соопшти министерот за надворешни работи, Џонсон е дека Македонија е конечно на вистинскиот правец и најави дека Велика Британија ќе направи се што може да и помогне на нашата држава за влез во НАТО и во ЕУ. 

Средба на премиерот Заев со канцеларката Меркел: Германија силно ја поддржува новата реформска Влада на Македонија

Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните. 

Прогласена кризна состојба поради напливот на мигранти

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во регионот на јужната и на северната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти, со што согласно правните прописи се отвора можност за соодветен ангажман и на АРМ, информира денеска на прес-конференција портпаролот на МВР Иво Котевски.

Средба на премиерот Заев со претседавачот со Советот на министри, Звиздиќ во Сараево: Заедничка соработка за да се иницира авио-линија Сараево – Подгорица – Скопје

На прес конференцијата за новинарите беше соопштено дека премиерот на Македонија, Заев, претседавачот со Советот на министри на БИХ, Звиздиќ и премиерот на Црна Гора, Марковиќ, ќе испратат заедничко писмо до сите авиокомпании, заинтересирани да воведат авиолинија Сараево – Подгорица – Скопје, како и дека иницијативата е отворена и за други земји, како што е Република Бугарија.

Премиерот Заев на настан во организација на Институтот за политика од Република Бугарија: Носењето одлуки е храброст за перспектива и подобра општествена иднина

Премиерот Заев се заблагодари на организаторот на настанот за поканата, и изрази надеж дека собирот ќе помогне во иднина да се изградат млади, перспективни лидери кои ќе ја храбрат цела останата Европа во градењето перспективност.

Интервју на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев за Гласот на Америка

Видео од интервјуто на Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, за Гласот на Америка (Voice of America), на крајот на официјалната посета на вицепремиерот Анѓушев на САД.

Премиерот Заев во работна посета на Босна и Херцеговина

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска попладне ја започнува својата работна посета на Босна и Херцеговина.

Премиерот Заев со градоначалникот на општина Струмица Јаневски: Да ги искористиме потенцијалите за соработка меѓу локалната и централната власт

Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски изразија задоволство од досегашната соработка меѓу централната и локалната власт и се согласија дека постојат потенцијали за нејзино интензивирање, за обезбедување дополнителни проекти за квалитетен живот за сите граѓани на Струмица.

СОР 23: Обраќање на Макрадули на Пленарната сесија на високиот сегмент

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули имаше обраќање на попладенвната пленарна сесија на високиот сегмент на 23-тата Конференција на Страните на УНФЦЦЦ (СОР 23).

Премиерот Заев до својот грчки колега Ципрас: Сочувствуваме со семејствата на загинатите во поплавите и ви нудиме наша помош

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со сочувство до својот грчки колега Алексис Ципрас, по трагичните последици од катастрофалните поплави во неколку градови во Грција.

Pages